| четврток, 6 декември 2018 |

Бруклин подобри од Спарс, Вориорс лесно против Чикаго (видео)

Во двата натпревара кои се одиграа синоќа во НБА лигата домашните екипи остварија убедливи победи, Бруклин го совлада Сан Антонио со 103:89, а Голден Стејт беше подобар од Чикаго и забележаа лесна победа со резултат 102:87.

По изедначеното прво полувреме, Бруклин во третата и четвртата четвртина ја направија разликата над Сан Антониа, а најдобар беше Ален Андерсон со 22 поени. За домашниот тим одличен натпревар одиграа и Дерон Вилијамс со 16 и Пол Пирс со 12 поени. На другата страна најефикасен беше Кори Џосеф со постигнати 18 поени, додека пак Дени Грин уфрли 17 поени. Со отсутните Тони Паркер, Ману Џинобили и Тим Данкан, Сан Антонио немаа големи шанси да дојдат до победа.

Вориорс можеби не го започнаа натпреварот како што треба, но уште на полувреме ја добија посакуваната предност. Како по обичај најдобар во редовите на Голден Стејт беше Стеф Кари со 34 поени, а покрај него одличен беше и Клеј Томпсон со 22 поени. Кај гостите најефикасен беше Тај Гибсон со 26 поени и 13 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top