| четврток, 6 декември 2018 |

Развиорено македонското знаме во Сочи

makedonsko zname

Македонското знаме е развиорено во Сочи, каде што утре, 7 февруари почнуваат најскапите Зимски олимписки игри (ЗОИ) досега во историјата. Во олимпиското село, на Краснаја Полјана вечерва пред павилјонот каде што е сместена македонската делегација, се развиори македонското знаме.

Свечената церемонија на отворањето на Игрите е во 17,44 часот по западноевропско време.

На Игрите во Сочи ќе настапат и тројца македонски скијачи, нордијците Марија Колароска и Дарко Дамјановски и алпинецот Антонио Ристевски. Знаменосец е Дамјановски за кого ова е трет настап на ЗОИ досега.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top