
Дел од скопските села Мирковци и Горно Нерези, утре, петок, 7 февруари од 9 до 15 часот ќе бидат без струја.
Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „Киро Фетак“ во Драчево, а од 11 до 15 часот дел од корисниците лоцирани на улицата „Кичевска“.
Детското одморалиште на Водно без струја ќе биде од 9.30 до 15 часот, а од 15 до 17 часот корисниците лоцирани на улицата „Сава Ковачевиќ“, поточно претпријатијата во кругот на фабриката „Мирка Гинова“. Од 9 до 13 часот без струја ќе останат дел од корисниците лоцирани на улицата „Пушкинова“ од куќен бр. 1 до 9 и дел од корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ“ бр. 11 и 13.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


