| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас: чекам во ред за 10 евра

Spain Financial Crisis

Италијаните се навикнати со часови да чекаат на ред на шалтерите во пошта, во банките и други институции. Токму тоа го навело Џовани Кафаро (42) од Милано, кој неодамна останал без работа, како да ги реши материјалите проблеми.

Тој почнал професионално да се заниамва со чекање во ред, а таа услуга ја наплаќа 10 евра од час.

– Иако пратив повеќе од 500 биографии, немаше ниту една интересна понуда – изјави Џовани кој 12 години работел како директор за маркетинг во една фабрика за текстил.

Тој сам се погрижил за реклмата: отпечатил и поделил флаери по улиците на Милано. Достапен е секој ден, дење и ноќе, а себе си се претставува како сериозен, организиран, трпелив и љубезен професионалец. Тој ги проширил услугите – па на своите клиенти им нуди место нив да оди во шопинг, да пополнува формуалри или да ги развезува со автомобил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top