Напната е атомсферата во Тузла, Босна и Херцеговина, каде што демонстрациите ескалираат, а последните информации говорат дека хулиганите вржат грабеж по објектите и продавнциите.
На протестите излегоа повеќе од 6.000 незадоволни граѓани кои од вчера почнаа да ја каменуваат Владата на Кантонот Тузла и да бараат оставка. Министрите и вработените во Владата побегнале од демонстраните преку спореден излез. Во немирите во Тузла повредени се десетина граѓани и полицајци.
– Ова веќе не се протести, ова е масовна кражба. Полицијата одлучи да им стави крај на овие протести – изјави поррпаролот на МВР на Тузла, Изудин Шариќ.
На работниците од пропаднатите фирми им се придружија и незадоволни граѓани, а поддршка добија и од други градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.