| четврток, 6 декември 2018 |

Минатата година меѓу најтоплите од 1850 година

топло време

Минатата 2013 година е шеста најтопла година откако почнеле мерењата на температурата во 1850 година, објави Светската метеоролошка организација. Податоците покажуваат дека климатскиот состав на нашата планета е под влијание на долгогодишно загревање кои ќе ги погоди иднитте генерации.

-Глобалните температури во 2013 година го следат трендот на долгорочното затоплување – изјави директорот на метеоролошката станица на ОН, Мајкл Џерад, а пренесуваат агенциите.

Тој напомена дека темпото на загревање не е исто во сите земји и наведе дека минатата година во Австралија била најтопла досега., а во САД рекордно високите температури се појавиле во 2012 година. Температурите ќе продолжат да растат.

Според неговите зборови, повеќе од 90 отсто од прекумерната топлина ја создава човекот, а ја апсорбираат океаните. Па така, Ел Нино грее, а Ла Нина лади.

Научните одамна предупредуваат дека на глобалното затоплување и на тоа дека се закануваат суша, глад, бури и поплави. Според некпои експерти, ако овој тренд продолжи, тогаш глобалните температури о 2100 година може да се зголемат за најмалку четири степени.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top