| четврток, 6 декември 2018 |

На бесплатен број може да се пожалите ако храната не е квалитетна

zdrava_hrana_500

Бесплатниот број 0800 322 22 го воведува Агенцијата за храна и ветеринарство на кој граѓаните ќе можат да се пожалат ако храната која ја купиле е неквалитетна.

На овој начин од Агенцијата се очекува бројот на преставки и поплаки од граѓаните да биде уште поголем, што укажува на поголема свесност кај потрошувачите да пријават неправилности за безбедноста на храната.

Според податоците на Агенцијата, бројот на поднесени преставки до Агенцијата за храна и ветеринарство, лани изнесувал 281, што претставува зголемување за 30 отсто во однос на 2012 година. Преставките главно се однесуваат на храна од животинско и неживотинско потекло. Во однос на храната од неживотниско потекло, најголем дел од преставките се однесуваат на декларациите, односно на отсуство, несоодветна или нечитлива декларација како и наоѓање на туѓи тела во храната.

За храната од животинско потекло, луѓето најмногу се пожалиле на мирисот, вкусот, бојата на одредна храна, продажба на месо во несоодветни услови. Најголем дел, односно 162 (58 отсто) од овие преставки биле оправдани. Било постапено по секоја поединечна преставка, при што биле донесени 79 решенија, биле извршени 226 едукации, биле поднесени осум прекршочни пријави, а биле уништени 10.500 килограми храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top