Едно лице затруено во пожар којшто избувнал утрово околу 9 часот во работилница за изработка на пластични ролетни, јави Макфакс.
Кратко време по пријавата, на лице место пристигнале две екипи со седум пожарникари кои веднаш почнале да го гасат пожарот кој зафатил дел од пластичниот материјал во работилницата, поради што настанал густ чад.
Како што информира командирот на Противпожарната служба, Урим Каба, пожарникарите во работилницата пронашле едно лице, во бесвесна состојба, на кое му било пружена прва помош, а набргу пристигнала и екипа од Одделението за итна медицинска помош во Струга и лицето било одведено во струшката болница.
Според најновите информации лицето се наоѓа вон животна опасност.
Каба потенцира дека пожарот за кратко време бил изгаснат, па така не дошло до негово проширување и на останатите куќи меѓу кои се наоѓа работилницата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



