| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ ги повика САД да го запрат финансирањето на „бунтовниците“ во Украина

moskva

Кремљ ги повика САД да престанат да ја уценуваат Украина и да го прекинат финансирањето на локалните „бунтовници“.

Помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Њуланд, пристигна во Киев денеска со намера да помогне за решавање на кризата.

Западот треба да го запре уценувањето и заплашувањето, со што се занимаваше на пример Викторија Њуланд, која имаше средби во Киев со олигарси, како и со претставници на претседателот и на Владата, изјави во интервју за „Комерсант – Украина“ Сергеј Глазев, советник на рускиот претседател Владимир Путин.

Колку што знаеме, на средбите таа им напомнала на тие луѓе дека ќе бидат ставени на црната листа ако Јанукович не ја отстапи власта на опозицијата. Тоа е уцена, нема ништо заедничко со меѓународното право, рече Глазев.

Тој тврди дека американски извори трошат по 20 милиони долари неделно за да ги финансираат опозицијата и бунтовниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top