| четврток, 6 декември 2018 |

Расте цената на нафтата

oil-price-increase

Нафтата повторно поскапи, поради зголемената побарувачка на екстра лесното масло за домаќинство во Соединетите Американски Држави, кои се борат со исклучително студената зима.

Барел американска „лесна“ нафта за испорака во март поскапел на берзата во Њујорк за 19 центи на 97,57 долари по барел, додека истата количина на северноморската нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 106,29 долари, односно четири центи поеќе отколку на крајот на тргувањето во среда.

Од америкското министерство за енергетика соопштено е дека резервите на нафта во Кушинг, американската сојузна држава Оклахома, е намалена за 1,5 милион барели, што укажува на голема побарувачка и дополнително го поттикнува порастот на цената на нафтата.

Трговците се фокусирани на падот на резервите на нафтените деривати, четири седмици по ред, кои се намалени за 2,4 милиони барели, што е повеќе од очекуваниот пад од два милиона барели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top