Ако сте љубител на слатки, а посбно на чоколада, уживајте во нивниот вкус и тоа без грижа на совест. Само водете сметка дека навистина јадете вистинска чоколада, а не шеќерни табли во кои нема ни „к“ од какао, без разлика колку се вкусни.
Кога ќе ви се пријаде чоколада, јадете такво што има поголем процент какао, на пример тоа со 75 или 85 проценти какао и по можност органско. Колку чоколадата е потемна, толку повеќе има какао, а оваа состојка е богата со антиоксиданси. Секое чоколадо има и лоши масти, па така и темната чоколада. Тоа значи дека нема потреба да изедете цела кутија чоколадни бонбони затоа што се направени од темна чоколада, доволно е да каснете две-три.
Шумското овошје е, исто така, добар избор ако ви се јаде слатко. Освен што е богато со антиоксиданси, има малку калории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.