| четврток, 6 декември 2018 |

Поетот Никола Маџиров во Брисел, како автор-гостин на „Паса Порта“

Nikola Madzirov

Македонскиот поет Никола Маџиров престојува во Брисел до крајот на месецот, откако беше избран за автор-гостин на една од најзначајните европски книжевни резиденции „Паса Порта“.

Маџиров е вториот автор од Македонија, по Гоце Смилевски кој ја добил стипендијата, која инаку, најчесто им се доделува на прозни автори и досега ја добиле и Давид Албахари, како и добитникот на Пулицер, авторот на филмуваниот роман „Часови“ – Мајкл Канингам.
Поезијата на Маџиров е објавена во најновиот број на специјализираното поетско белгиско списание „Поезие крант“, а во рамките на престојот предвидени се книжевни средби на Маџиров со белгиската публика на 8 февруари во Антверпен и потоа во Гент.
По престојот во Брисел, Никола Маџиров го очекуваат читања и престои во САД, Шведска, Германија, Велика Британија, Летонија и други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top