Во Собранието на Република Македонија завчера беа донесени измените на Кривичниот закон на Македонија, според кои е предвидена задолжителна хемиска кастрација за повратници педофили, минимална затворска казна од 12 години, доживотен затвор за тешки облици на сексуална злоупотреба, но и намалување на казната за половина за педофилите кои ќе се согласат да ја примаат терапијата.
Македонија е прва земја во регионот која ги направи овие измени и тоа се со цел да се заштити детето и прва земја која ќе почне со хемиска кастрација на педофилите.
Овие измени беа донесени отако од страна на експертите и невладините оргнизации беше востановено дека постоечките одредби во Кривичниот закон кои се однесуваат на сексуалната злоупотреба врз децата се благи и не кореспондираат со моменталната состојба. Анализите покажаа дека просечната затворска казна за педофилите се движи меѓу 6 и 8 години и дека голем број од нив откако ќе излезат од затвор повторно сексуално злоупотребуваат малолетни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шокантна изјава на Бред Пит: Елита на педофили владејат со светот, Илуминатите ја водат секс трговијата со деца во Холивуд
-
Во Турција почна хемиска кастрација на сексуалните престапници
-
Само четворица запишани во српскиот регистар на педофили, отворете го македонскиот регистар
-
Илајџа Вуд: Врие од педофили во Холивуд