
Боге К. (49) загина откако вчеравечер падна од осми кат. Истрагата утврди дека тој се самоубил. Несреќникот подолго време страдал од психичко растројство.
Несреќата се случила вчера во 20.25 часот, во зграда на булеварот „Партизански одреди“ број 135. Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата и скопјанецот бил пренесен во скопскиот Ургентен центар.
За жал, подоцна им подлегнал на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


