Антонио Бандерас и Жилиет Бинош ќе ги толкуваат главните улоги во филмот „33“, посветен на спасувањето на чилеанските рудари во 2010 година, кои минаа 69 дена заглавени во рудникот.Во рамки на подготовките на филмот, Бандерас и Бинош го посетија Чиле, каде се сретана со 33-цата спасени рудари, поради кои и филмот е наречен „33“.
Покрај со рударите, актерите се сретанаа и со чилеанскиот претседател Себастијан Пињеро, при што Бандерас изјави дека акцијата за спасување на заробените во рудникот претставува лекција за целиот свет за вредноста на човековиот живот.
Во „33“ Бандерас ќе го толкува ликот на рударот Марио Сепулведа, кој стана познат како „Супер Марио“ и прерасна во заштитно лице на заробените рудари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура