Kосовската влада вчера го одобри нацрт-законот, кој предвидува казна затвор во траење од 15 години за тие што ќе учествуваат во вооружени конфликти надвор од земјата, пренесе порталот „Лајме шќип“.
Овој нацрт-закон доаѓа по вознемирувањата и дебатите што се појавија поради учеството на Албанците од Kосово во војната во Сирија.
Министерката за интеграции на Kосово, Влора Читаку, на својот профил на „Фејсбук“ вчера го потврди усвојувањето на законот.
– Kосовската влада го одобри нацрт-законот според кој одењето во вооружени конфликти надвор од територијата на земјата се смета за кривично и дело казниво со до 15 години затвор – напиша Читаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…