На сцената на Драмскиот театар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде изведена претставата „Стјуардеси“ на „Театар комедија“. Претставата „Стјуардеси“ е во режија на Синиша Евтимов работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети. Сценографијата и костимографијата се на Илина Ангеловска, а музиката е на Драган Ѓаконовски Шпато.
Во улогата на Бернард игра Атанас Атанасовски, неговиот пријател Роберт го игра Валентин Костадиновски – Тино, куќната помошничка Берта е Марија Кондовска, а стјуардесите ги играат Нина Деан – Глорија, Кристина Ласовска – Габриела и Тања Мицков – Грета.
Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен, полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт.
Формулата за совшрен живот е да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка вереница. Но равенката многу брзо се распаѓа и сите непријатни ситуации се случуваат во еден стан, еден вереник, три вереници и неговиот најдобар пријател и Берта домашната помошничка која се труди да одржи се во најдобар ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.