| четврток, 6 декември 2018 |

„Билд“: Грците се двојно побогати од Германците

Bild grci pari

фото: Билд

Грците се побогати од Германците бидејќи плаќаат помали даноци, имаат поголеми имоти и извршуваат даночни измами, објави „Билд“.

Податоците се официјални, тврди германскиот весник. Просечното ниво на имотна состојба на Грците е двојно повисоко од она во Германија, но германската Влада планира нова финансиска помош за Грција, додава весникот.

„На Грците, кои се под закана за банкрот, одново им требаат милијарди кои треба ние да ги плаќаме“, се вели во статијата во пресрет на третиот пакет финансиска помош за Грција од околу 20 милијарди евра, и Германија во тоа ќе учествува со шест милилјарди.

Секое домаќинство во Грција има имот во вредност од над 101.900 евра, според податоци на Европската централна банка за 2013 година. Таа вредност за едно германско домаќинство е 52.000 евра, се додава во написот.

„Знаеме зошто е тоа така – Грците имаат помали даноци, имаат поголеми имоти и прават даночни измами“, заклучува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top