| четврток, 6 декември 2018 |

2013-та е една од најтоплите во последните 160 години

Минатата 2013-та била шестата најтопла година откако започнале мерењата во 1850 година, што потврдува дека климатскиот систем на нашата планета е под влијание на долгорочно затоплување, кое уште повеќе ќе ги погоди следните генерации, соопшти денеска Светската метеоролошка организација.

– Глобалните температури во 2013 година го следат трендот на долгорочното затоплување – соопшти директорот на метеоролошката агенција на ОН, Мишел Жаро.

Тој нагласи дека темпото на затоплување не е исто во сите земји, додавајќи дека минатата година, на пример, била најтопла досега во Австралија, додека во САД рекордно високи температури се забележани во 2012 година.

– Имајќи го предвид рекордното количество на штетни гасови со ефект на стаклена градина во нашата атмосфера, глобалните температури ќе продолжат да се зголемуваат во следните години – истакна Жаро.

Светската метеоролошка организација наведува дека 13 од 14 најтопли години се регистрирани во 21.век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top