| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец приведен во Врњачка Бања поради кражба

Српската полиција соопшти дека во Врњачка Бања е уапсен 38-годишниот македонски државјанин Г.Г.П. под обвинение за тешка кражба.

Како што јави Танјуг, Македонецот, кому му е одреден 48-часовен притвор, е осомничен дека во ноќта меѓу 17 и 18 јанури „извршил тешка кражба на штета на бугарскиот државјанин Л.Р. (45)“.

Полицијата го товари Г.Г.П. дека од изнајмена соба во која престојувале заедно со оштетениот, украл техничка стока и пари во вкупна вредност од 115.000 динари (990 евра)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top