Околу 1.000 незадоволни работници на некогашните стопански гиганти во Тузла, со поддршка на други граѓани, денеска протестираат во центарот на овој градот во северна Босна и Херцеговина.
Освен што поставија блокади на приодот кон судот и обвинителството, демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на кантоналната Влада, при што се судриле со полицијата. При судирите се повредени неколку демонстранти, еден полицаец и еден новинар, објавија босанските медиумите.
Во текот на протестот се зголемил бројот на демонстранти, кои со камења ја гаѓале зградата на кантоналната Влада и ги испокришиле сите прозорци. Дел од градот е блокиран, од реонот околку кантоналната Влада се крева густ чад од запалени гуми, а по улиците се расфрлани контејнери.
На улиците на Тузла се распоредени голем број припадници на специјалната единица на кантоналнаѕа полиција.
Работниците на „Коњух“, „Полихема“, „Полиолхема“, „Дите“ и „Гуминг“, на протестот го изразија своето незадоволство поради, како што тврдат, „криминалните приватизации“ на овие фирми и нерешените статусни прашања. Ним им се придружија и гоелм број млади, главно невработени, лица, кои се незадоволчни поради непотизам при вработувањата, како и членови на боречките организации и Фејсбук групата „50.000 луѓе на улиците за подобро утре“.
Околу 500 демонстранти извикуваа „крадци, крадци“, а се обидоа и да упаднат и во зградата Владата, откако премиерот на Тузланскиот Кантон одби да разговара со работниците.
Од Владата на Кантонот работниците бараат исплата на еднократна парична помош во износ од 250 евра, поврзување на работниот стаж и осигуреничкото право на лекување, како и „спас на фирмите што се уште можат да се спасат“. Се бара и намалување на платите на министрите во кантоналната Влада.
Во меѓувреме, на претставниците на работниците им е ветен состанок со премиерот на Тузланскиот кантон, Сеад Чаушевиќ.
Владата на Тузланскиот Кантон издаде и соопштение во кое наведува дека е свесна за проблемот со кој се соочуваат овие работници и дека, како и досега, е подготвена за дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


