| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството ќе ја испитува состојбата во музичкото училиште во Битола (ФОТО)

Тим составен од Министеството за образование и наука денеска и утре во Битола ќе ја испитува состојбата со зградата во Средното музичко училиште во овој град, но и целокупното работење на училиштето, откако во медиумите беа објавени информации за протестот на учениците.

muzicko 2

– МОН смета дека учениците не смеат да учат во такви услови и ние како ресорно Министерство во тој дел ќе направиме се за да се подобрат условите. Во рамки на вкупниот план за реконструкција на 25 училишта кој го најавивме пред 1 месец е и училиштето „Таки Даскалот“ од каде пред некој ден слики беа прикажувани во медиумите. За нас како ресорно министерство навистина се појавија некои чудни информации во врска со ова музичко училиште, затоа што пред извесен период Владата му има доделено дел од објект во рамки на општина Битола, кој не беше прикажан во реализиацијата на прилозите и протестирањето на децата – изјави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Очигледно е, додаде, дека тука станува збор за некакви недоречености околу целокупната постапка и воопшто функционирањето на СМУ и заради тоа, за да не се даваат бледи одговори за состојбата таму треба многу појасно детектирање на целокупата слика и состојба во училитето.

muzicko 3

– Токму заради тоа денеска и утре тим составен од разлилни профили од МОН е веќе присутен во Битола, присутни се просветни инспектори, претставник од внатрешна ревизија, инженери и претставници на Секторот за основно и средно образование, бидејќи според првичните информации не сатанува збор само за потребата од санација и реконструкција на училиштето, туку таму треба да се испитаат овеќе состојби од повеќе аспекти – рече Ристовски.

muzicko

Додаде дека крајната цел на сите активности кои ги презема МОН е да се најдат споодветнии услови и излез од ваквата ситуација односно подобрување на условите на учениците, но, како што рече, од друга страна да се испита работата на училиштето по сите параметри и основи предвидени во рамки на системот на образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top