| четврток, 6 декември 2018 |

„Тинекс“ слави 20. роденден (видео)

„Тинекс“  го одбележува дваесеттиот роденден. Првиот маркет беше отворен во Карпош 3 во 1994 година. Истата година се отворија маркети „Тинекс“ и во населбите Аеродром и во Карпош 4.

– Да се биде лидер значи да си подобар во негување на постојните вредности, да се биде прв во создавањето нови и да се биде поинаков од другите. Веќе 20 години успешно ги препознаваме и задоволуваме потребите на современите потрошувачи нудејќи им постојано врвни и иновативни производи – велат во „Тинекс“.

Како водечки малопродажен синџир на маркети располагаат со 46 објекти – маркети, супермаркети, дисконти и дрогерии во 10 градови, на површина од 27.000 квадратни мерки, со повеќе од 1.000 вработени и повеќе од 50.000 задоволни потрошувачи.

„Супер Тинекс“ е  синџир на хипермаркети, кои располагаат со голем продажен простор и понуда од 20.000 производи. За целосно уживање, како составен дел на овие објекти има аптеки, кафе-барови, хемиско чистење, сервиси за миење автомобили, детски катчиња и др. Првиот „Супер Тинекс“ е отворен во 2008 година, а по него има уште шест други.

– Концептот „Тинекс Дисконт“ го развивме со цел да им овозможиме на купувачите многубројни поволности по најконкурентни цени. Нашиот синџир располага со 19 дисконти во повеќе градови во државата – рече, меѓу другото, Цветанка Христовска, главен бренд-менаџер.

На средбата со новинарите, Љупчо Васовски, комерцијалниот директор и Трајче Петровски, раководител на секторот комерција истакнаа дека е огромно задоволство да се биде дел од тимот, кој толку многу години успешно опстојува, и најавија нови проекти, кои ќе се реализираат во наредните десет години.

Да се задоволат пребирливите вкусови не е едноставна работа, па токму затоа како дел од стратегијата на Тинекс во 2004 година е создаден сопствената марка – „Extra“, препознатлив знак на многу производи со висок квалитет по најповолни цени.

– Следејќи го трендот на современиот начин на живеење и потребата од нега и убавина, ја пронајдовме совршената формула за потрошувачите, кои сакаат да најдат сè на едно место. „Космо Тинекс“ е нашиот синџир дрогерии, кои нудат производи наменети за нега на лице, коса, тело, декоративна и медицинска козметика, парфеми, органска храна, храна за дијабетичари, како и производи за нега на бебешка кожа. Првата „Космо Тинекс“ дрогерија ја отворивме во 2009 година во центарот „Зебра“, а многу набрзо синџирот го проширивме со 11 нови дрогерии – велат оттаму.

– Ние веруваме дека компаниите, како и луѓето се дел од општеството во кое дејствуваат. Затоа „Тинекс“ е посветен на грижата на заедницата и на животната средина и поддржува активности и проекти од областа на уметноста, културата, образованието и спортот. Доделените награди и признанија имаат посебно значење во нашето компаниско портфолио – подвлекуваат од „Тинекс“.

Како и секоја сериозна корпорација, така и Тинекс, преку платформата „Тинекс, ти и јас“, ја негува долгогодишната традиција на општествено-одговорно работење и придонесува кон развојот на заедницата. Затоа денес, со гордост можеме да кажеме дека вложивме повеќе од 60 милиони денари во последните 4 години, во над 150 донации од областа на здравството, труд и социјала, спортот, културата,образованието и тн. Со цел да придонесеме и за понатамошен развој на заедницата на која припаѓаме, платформата „Тинекс, ти и јас“ ќе продолжи со својата мисија и во оваа јубилејна година. И понатаму, ќе продолжиме со грижа и помош за заедницата со цел равивање на корпоративната филантропија во Македонија.

Веќе две децении, успешно го препознавме квалитетот на македонските производи и секогаш навремено ги задоволуваме потребите на нашите потрошувачи. Започнавме акција која не само што ќе им даде шанса на квалитетните македонски производи, туку и ќе ги потсети граѓаните дека на тој начин заеднички ќе дадеме придонес за отварање на повеќе работни места.

Затоа, во маркетите, на нашите полици секојдневно може да се најдат повеќе од 5000 македонски производи, произведени од над 200 домашни компании. Овие бројки зборуваат за деловната политика на нашата компанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top