| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко Самарџиќ завршил во Ургентен центар

Српскиот поп пејач Жељко Самарџиќ во вторникот наутро е примен во Ургентен центар, поради силните болки кои му ги предизвикал каменот во бубрег.

По укажаната помош, естрадниот шармер е пуштен дома.

– Ја добив потребната терапија и сега ми е подобро. Сите беа љубезни кон мене и им благодарам за тоа. Се надевам дека овие денови ќе биде полесно, бидејќи тоа мало камче знае да направи многу проблеми.

Миленикот на женската публика Жељко Самарџиќ на 15.февруари во Метрополис арена ќе одржи двочасовен солистички концерт со репертоар адаптиран за македонската публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top