Вечерва ќе биде отворена 15. јубилејна изложба „Зимски салон“ на ДЛУМ. Пред отворањето, со писмо до јавноста, се обрати претседателот на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, Сергеј Дамовски, во кое меѓу другото се вели:
-Зимскиот Салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) е единствена ликовна манифестација од тој вид во нашата земја. Замислен и основан во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми, новата појава во културниот живот беше прифатена со широка љубопитност и обилна медиумска поткрепа.
Чекорејќи пред своето време и ослушнувајќи ги очекувањата на пошироката културна јавност, ДЛУМ доброволно се откажа од некои свој дискрециони права т.е сопствената арбитрарност кога се во прашање изложбите на својот еснаф и сета одговорност за одбирот и презентацијата ја препушти на едно лице на Првиот Зимски Салон, на таков начин ДЛУМ ја изврши првата промоција на лицето-професиналец, кое во денешната терминологија се нарекува куратор.
Денешната физиономија на Зимскиот Салон ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност. Почнувајќи од 2003 година, наградата „ Гранд-При“ (престој во атељето на„Cite Des Arts“ во Париз) ја овозможуваМинистерството за култура на Република Македонија а од 2006 година ДЛУМ ја вградува темата на Зимскиот Салон, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин кој нуди широки асоцијации од случувањата во нашето современо урбано живеење.Новост претставува гостување на реномирано, референтно кураторско име кое одлучува за финалната физиономија на Салонот и ја определува наградата „ Гранд-При“. Со тоа се постигнува меѓународна валоризација, досега на Салонот гостувале кураторите Ролф Килц Мекензи (Германија), Филип Зидаров(Бугарија), Томур Атагок (Турција), Филип Маурер (Австрија).
Годинешниот Зимски Салон е јубилеен XV по ред, селектор е Емил Алексиевна тема „ ТЕЛО ШТО ПОМНИ“ . На овој Салон се продолжува тенденцијата поставенасо XIII Зимски салон кога манифестацијата станува меѓународна, годинава покрај домашните автори 38 на број ќе учествуваат и 33 гости (автори) од странство и тоа од 10 земји: Турција, Србија, Бугарија, Косово, Р. Српска, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Австрија.
И оваа година на самото отворање на изложбата ќе се изведе перформанс во склоп со темата на Салонот како и во изминатите години, годинава режисер ќе биде Наташа Поплавска. Министерството за култура е покровител на наградата „Гранд-При“(престој во атељето на„Cite Des Arts“ во Париз).
Автор на идејното решение за комплетниот визуелен идентитет на XV Зимски Салон е нашиот реномиран уметник член на ДЛУМ Денис Тенев,кој уште еднаш заврши одлична работа и постави висок естетски критериум за презентирање на Зимскиот Салон.Голема благодарност до телевизиите Телма и Алфа кој ќе го емитуваат спотот на нивните канали, исто така и до Акцент медиа кој ни излегоа во пресрет околу надворешното рекламирање на кампањата.
Морам да кажам дека на овогодинешниот Салон конструкцијата му ја даде претходното раководство, новото само го финишира и сето ова се случува во еден инзвонредно тежок период за ДЛУМ пред се од финансиска природа и други фактори. Сепак поради ентузијазмот и несебичната подршка на група луѓе од ДЛУМ оваа година Зимскиот Салон е изнесен на мускули и се приведува докрај, а со тоа е сторена „невозможна мисија“ во најпозитивен контекст сметајќи ја општата состојба на ликовната сцена во Македонија. Затоа апелирам до сите субјекти и објекти кај кого е финансиската моќ и моќта на одлучување во иднина да покажат поголем сенс за вакви проекти како што е Зимскиот Салон.
На крај уште еднаш голема благодарност до сите оние кои ја помогнаа реализацијата на XV Зимскиот Салон пред се на Министерството за култура на Република Македонија, Техномаркет, Акцент медиа, Печатница Софија-Богданци, ТВ Телма, ТВ Алфа, ТВ 24 Вести, Музеј на Град Скопје, Винарија Трајковски, Галерија 8, Универзална Сала, Добра Вода,Австриска амбасада, Средното уметничко училиште и голем број поединци кои безрезервно го помогнаа организирањето на XV Зимски Салон, пишува претседателот на ДЛУМ, Сергеј Дамовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Играчки и роботи како ликовна инспирација
-
„Поместени граници“, изложба на членови на ДЛУМ во Галеријата на МКЦ
-
Во Природонаучниот музеј се отвора изложба на најинтересните карпи, минерали и скапоцени камења од целиот свет