| четврток, 6 декември 2018 |

Потпретседателот на Барселона е за проширување на Лигата на шампионите

havier faus

Потпретседателот на Барселона Хавиер Фаус ја презентираше идејата за проширување на Лигата на шампионите на 64 екипи од досегашните 32. Покрај овој предлог Фаус ја истакна идејата и за намалување на шпанската „примера дивизија“ за две или четири екипи.

– Состојбата во шпанскиот фудбал е различна од минатото. Многу екипи западнаа во финансиска криза и мораат да ги продаваат своите најдобри играчи и со тоа се намалува квалитетот на лигата – изјави Фаус.

Потпреседателот на клубот кој е во најтесното раководство на клубот по оставката на претседателот Сандро Росел се наврати и на идејата за формирање единствена лига во Европа каде ќе учествуваат најдобрите тимови од Европа.
Хавиер Фаус беше во центарот на вниманието минатата сезона кога изјави дека е против зголемувањето на најдобриот играч Лионел Меси. Тогаш Меси изјави дека Фаус не се разбира од фудбалот.

Тој сепак на крајот изјави дека во следните неколку недели Барселона ќе му понуди на Меси нов договор каде ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона. Со тоа потпретседателот стави до знаење дека несогласувања меѓу него и Меси нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top