Три автомобили-бомби експлодираа утрово во близина до строго обезбедуваната Зелена зона во центарот на Багдад, каде што се наоѓаат владини згради, вклучувајќи ја зградата на премиерот, и неколку западни амбасади. Најмалку 16 лица загинале во нападот, соопштија безбедносни извори.
Ден претходно беа истрелани две ракети во Зелената зона.
Два од автомобилите-бомби биле паркирани и експлодирале на спротивната страна на улицата, каде се наоѓа Министерството за надворешни работи. Другиот автомобил бил управуван од бомбаш-самоубиец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.