Синоќа во НБА лигата беа одиграни четири натпревари. Индијана во дербито на источната конфереција на гостински терен славеше со 89-85 над Атланта и со тоа ја забележа 38 победа.
Атланта настапи без Перо Антиќ кој е повреден веќе две недели и не можеше да им помогне на своите соиграчи. Антиќ тренира со лонгета на ногата со цел да се подготви за олстар викендот во кој треба да учествува во натпреварот на дебитантите и играчите што се втора сезона во лигата.
Најдобар кај Индијана беше Дејвид Вест со 22 поени и 10 скока, додека Пол Џорџ дополни 18 поени и седум скока. Единствена светла точка кај домаќините беше Мајк Скот со 15 поени и пет скока.
Минесота е единствениот тим што победи на домашен терен. Победата на Минесота е очекувана бидејќи играа со ЛА Лејкерс кои годинава ја играат една од полошоите сезони во историјата на клубот.
Кевин Мартин и Кевин Лав постигнаа преку 30 поени за победата над својата екипа. Мартин даде 32 поени, а Лав 31. Кај „езерџиите“ се истакна Нил Јанг со 24 коша.
Чикаго го направи изненадувањето на вечерта победувајќи во Феникс. „Биковите“ ги предводеа триото Карлос Бузер, Џими Батлер и Ди Џеј Огустин. Бузер постигна 19 поени, додека Батлер и Оугустин додадоа по поен помалку. Горан Драгиќ продолжува со одличните партии сезонава постигнувајќи 24 поени и седум скока.
Резултати:
Атланта – Индијана 85-89, Минесота – ЛА Лејкерс 109-99, Феникс – Чикаго 92-101, Голден Стејт – Шарлот 75-91.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.