Познатиот македонски стилист Александар Билјановски – Дадар неодамна се зарази со ново хоби и опсесија – фотографирање. Првите обиди со фотоапаратот тој ги покажа со неговата пријателка Софија Караќаева.
Пред објективот на Дадар овојпат застана и познатата актерка Весна Бејби Петрушевска. Стилистот прво се погрижи за шминката и фризурата на Бејби, која е сосема непрепознатлива на фотографиите со кои и двајцата се пофалија на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Инаку, популарната актерка и водителка наскоро повторно ќе има свое телевизиско ток-шоу, прво по неповторливата емисија „Вртелешка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.