Жељко Јоксимовиќ наскоро ќе одржи концерт во Истанбул, а на тоа го убедила босанската пејачка Емина Јаховиќ која моментално живее во Турција.
-Тој е многи добар човек и многу добар музичар. Многу луѓе ја слушаат неговата музика и уште првиот пат кога настапи на Евровизија, сите го слушаа и има многубројни фанови. Апсолутно може да направи концерт во Турција – вели Емина.
Јоксимовиќ призна дека првпат има организациска трема. Сепак тоа е поинаква публика и од таа страна имам трема – вели тој.
Тој се пофали дека Емина му била водич преку телефон кога тој со неговата сопруга Јелена биле во Истанбул за неговиот роденден.
-За жал, не стигнав да го запознам Мустафа Сандал, Емина го скри – рече Жељко.
Од друга страна Емина се пожали на повторувањето на приказните за нејзиното минато.
-Се омажив на 17 години, се разведов на 18, и сето тоа го направив само од љубов и поради ништо друго, сето тоа е гнасна лага, ништо не било од користољубие -вели пејачката помалку налутено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој е турскиот милијардер, новото момче на Емина Јаховиќ: Еве на што падна пејачката!
-
Алармантно ослабната: Емина во тешка депресија по разводот (ФОТО)
-
Драма на пат: Жељко Јоксимовиќ тргнал на настап, па доживеал непријатност!
-
Јоксимовиќ се во Атина: Остануваме овде, нема паника, но низ улиците е пусто


