Најмалку 500 угинати делфини се пронајдени во последните неколку недели на различни плажи на северот на Перу, пишува Глобал Пост.
Причината за смртта на делфините сè уште не е позната, а обдукцијата е во тек. Перуанскиот морски институт испрати тим експерти за да откријат зошто се насукале делфините.
Со обдукцијата ќе бидат анализирани белите дробови, бубрезите и црниот дроб, а резултатите ќе бидат познати за две недели.
Ова не е прв ваков случај во овој дел на Перу. Во 2012 година беа пронајдени угинати повеќе од 970 делфини, но ни тогаш не беше утврдена причината.
Како можни причини за масовното угинување и насукување на делфините се наведуваат биотоксините во морето, сеизмичките тестови, како и непознати болести
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


