| четврток, 6 декември 2018 |

Потребни се милијарди долари за спасување на шумите во светот

Светот би требало да потроши десетици милијарди долари следните години за да ги поттикнат државите да ја прекинат праксата на уништување на шумите, се наведува во извештајот на неколку еколошки организации.

Зачувувањето на шумите би го намалил притисокот врз пазарот за продажба на квоти за емисии на јаглерод диоксид. Уништувањето на шумите за 15 проценти ја зголемува емисијата на штетни гасови.

Дрвјата го апсорбираат јаглерод диоксидот, го складираат јаглеродот и го враќаат кислородот во атмосферата. Без доволно средства за плаќање за намалување на емисиите на штетни гасови ќе биде поткопан механизмот РЕДД за зачувување на шумите.

Бразил, Индонезија и Нигерија се најголемите производители на јаглерод диоксид поради големото уништување на шумите во тие земји.

Извештајот е изработен од неколку организации за заштита на животната среднина, меѓу кои и програмата на Обединетите нации за животна средина. Европската унија предлага до 2020 година за 50 проценти да се намали уништувањето на шумите, што значително ќе ја намали емисијата на штетни гасови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top