| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко: Јанукович нема желба да го решава запирањето на политичката криза

Лидерот на опозициската Украинска демократска алијанса за реформи (УДАР) Виталиј Кличко денеска, по средбата со претседателот на Украина Виктор Јанукович, изјави дека на средбата не видел дека шефот на украинската држава има
желба да го решава прашањето за прекин на политичката криза.

-Претседателот се оддалечува од акција, значи не сака реално решавање на кризата, рече Кличко.

Пренесувајќи ги резултатите од средбата, опозицискиот лидер изјави дека го покренал прашањето за итна измена на Уставот, што би „ја намалило температурата“ во општеството.

– Тој одговори дека се треба да се одвива во правни рамки и дека процесот на измена на Уставот може да трае и до половина година – рече Кличко, а пренесуваат украинските медиуми.

-Луѓето не се подготвени да стојат на Мајдан (Плоштадот на независноста во Киев) половина година, рече некогашниот светски шампион во бокс.

– На Украина сега и се заканува процес на федерализација. Затоа е потребно веднаш да се вратиме на Уставот од 2004 година. Наш предлог е да се регистрира предлогот, да се соберат гласовите и да се гласа за враќање на Уставот од 2004 – рече дополнително лидерот на партијата УДАР во собранието по средбата со Јанукович, а пренесува ИТАР-ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top