| четврток, 6 декември 2018 |

Југо излета од патот Ресен – Битола

Сообраќајна незгода се случила попладнево околу 15 часот и 23 минути на патот Ресен – Битола, автомобил Југо со ресенски регистарски таблички, излетало од патот.

Возилото го управувало лицето О.М роден 1996 година, со неполни 18 години, а во автомобилот бил со двајца сопатници И.А (18) и А.Ј (16) сите тројца од Ресен. Лицата со возило на Брза помош се пренесени во болница во Битола каде им се констатирани полесни повреди, потврдија од СВР Битола.

Увид на местото извршило полициското одделение, причините се се уште непознати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top