| четврток, 6 декември 2018 |

Среќната детелинка ѝ донесе 100 илјади денари на Милена Лазаревска

детелинка2

Кумановката Милена Лазаревска е добитник на 100 илајди денари на играта на среќа „Детелинка“, која ја организира Државната лотарија на Македонија.
Милена е страсен играч на инстант лотаријата. Постојано купува и гребе инстант лозови од широката палета на Државна лотарија на Македонија. Добитната „Детелинка “ ја купила во Куманово, во продажното место „ЗМЛ МЕН ДОО“. Најпрво купила 4 инстанти, од кои два биле без добивка, а другите два имале добивка од 30 ден и 200 ден. Добитните инстанти веднаш ги заменила за нови, па од нив едниот бил недобитен, а веќе следниот ѝ ја донел премијата од 100 илјади денари.

Лозот „детелинка“ беше лансиран на крајот на 2012 година, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари , сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top