
Марлис Шилд
Олимпискиот комитет на Австрија добил закани од непознати лица дека двајца олимпијци на Австрија ќе бидат киднапирани, соопшти првиот човек на Олимпискиот комитет на Австрија, Петер Менел.
Тој соопшти дека станува збор за алпските скијачи Марлис Шилд и Џанин Флок.
Писмото е проследено до Службата за борба против тероризмот. Писмото било напишано на германски јазик, а за него се информирани руските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


