| четврток, 6 декември 2018 |

Златна зора ќе се преименува во Национална зора

zlatna-zora

Грчката неонацистичка партија Златна зора поднесе барање до Врховниот суд на Грција за преименување во Национална зора.

Барањето, придружено со новиот партиски Статут, било потпишано од кандидат на партијата за европратеник Михалис Јанонгонас.

Во саботата пратеникот на неонацистичката партија во грчкиот парламент Илијас Касидијарис соопшти дека сè е подговеноно за регистрирање на нова политичка формација под името Национална зора, доколку Врховниот суд донесе одлука за забрана на Златна зора.

Грчките медиуми коментираат дека со иницијативата за регистрирање на нова партија, Златна зора сака да си обезбеди учество на мајските избори за членови на Европскиот парламент и за органите на локалните власти, во случај да биде донесена одлука за нејзина забрана.

Лидерот и петмина пратеници на Златна зора се наоѓаат во притвор под обвинение за злосторничко здружување, а во тек е истрага, која траба да утврди дали партијата е криминална организација.

Но, и покрај ваквата кампања на властите против Златна зора, партијата и натаму е трета по популарност во Грција и според последните анкети на јавното мислење, ужива поддршка на меѓу 8,9 и 10,3 проценти од избирачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top