| четврток, 6 декември 2018 |

Докажано: пластиката предизвикува тумор на црн дроб

22112012165801_plastika

Состојката бисфенол А, која е основна супстанција на пластичната амбалажа, предизвикува тумор на црниот дроб, тврдат научниците од Универзитетот „Мичиген“, кои испитувале стаорци за да го докажат своето истражување. Стаорците уште од раѓање биле изложени на оваа супстанција.

– Резултатите покажале дека дури 27 проценти од стаорците што биле изложени на различни дози БПА, и тоа преку исхрана на мајката за време на нејзината бременост, добиле тумур на црниот дроб. Колку била дозата поголема, толку е поголема веројатноста дека ќе се појави тумор – изјави Карен Винхаус, член на тимот истражувачи.

Таа додава дека стаорците чии мајки внесувале по 50 мг БРА имале седум пати повеќе шанси да развијат тумор отколку стаорците чии мајки не внесувале БПА. Сепак, сега е потебно да се испита колку БПА имаат влијание на луѓето.

– Нашите резултати покажуваат дека итно е потребно да се испита влијанието на бисфенол А на луѓето – изјави Винхаус.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top