Синоќа во НБА-лигата беа одиграни 11 натпревари. Вечерта ја одбележаа Сакраменто со победата над Чикаго со 29 поени разлика, новата партија на Кевин Дурент со преку 30 поени и пресвртот на Сан Антонио против Њу Орлеанс.
Демаркус Казинс со 25 поени и 16 скока успеа да го донесе својот тим Сакраменто до победа над Чикаго, кој успеа со одлична одбрана да им дозволи на „биковите“ да постигнат само 70 поени.
Денвер со тројка во последната секунда успеа да слави победа над ЛА Клиперс со 116-115. Поранешниот играч на Клиперс, Ренди Фој, беше јунак за домаќините. Не помогнаа ниту 36 поени на Блејк Грифин.
Мајами пордолжува со добрата серија и ова за нив беше петта победа во шест меча. Одлична вечер имаше Двејн Вејд со 30 поени, 10 скока и пет асистенции. На Леброн Џејмс му недостигаа два скока за да оствари нов трипл-дабл во кариерата. Натпреварот го заврши со 24 поени, 11 асистенции и со осум скока.
Тони Паркер беше играч на вечерта во Њу Орлеанс. Тој својот тим го одведе до победа со пресврт во последната четвртина. Тој успеа да постигне 32 поени и речиси сам го победи домашниот тим. Тренерот на Њу Орлеанс пробуваше на секаков начин да го сопре извонредниот Франузин ротирајќи повеќе играчи како директни чувари, но и во тоа не успеа.
Резултати: Вашингтон – Портланд 100-90, Индијана – Орландо 98-79, Бруклин – Филаделфија 108-102, Мајами – Детроит 102-96, Милвоки – Њујорк 101-98, Њу Орлеанс – Сан Антонио 95-102, Оклахома – Мемфис 86-77, Далас – Кливленд 124-107, Денвер – ЛА Клиперс 116-115, Јута – Торонто 79-94, Сакраменто – Чикаго 99-70.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


