| четврток, 6 декември 2018 |

За 24 часа се случиле 19 сообраќајки во Скопје

nesreka

За 24 часа во Скопје се случиле 19 сообраќајни несреќи, информираат од МВР. Од нив 13 имаат материјална штета и три се со последица телесни повреди во коишто со полесни повреди се здобиле двајца свозачи на моторно возило и двајца пешаци. Се случиле и три несреќи, при што имало тешки телесни повреди во коишто со нив се здобиле двајца пешаци и еден возач на патничко моторно возило.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две несреќи со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден откри и санкционира 23 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив тројца се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премини и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница. Исто така, санкционирани се и 18 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Петар Арсов“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top