| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците во Грција најавија блокади на патиштата

zemjodelci-grcija

Грчките земјоделци најавија дека ќе постават 30-40 блокади долж автопатот Атина -Солун, како и на други патишта во северна Грција.

Земјоделците, кои протестираат против даночните мерки кои Владата ги усвои за земјоделскиот сектор, веќе поставија трактори на различни места во земјата.

Најголем дел од учесниците во протестите се земјоделци од Тесалија, област во централна Грција.

Грчкото Министерство за финансии им наложи на стотици илјади земјоделци да се јават во даночните служби до 20 март за да достават изештаи за своите приходи и трошоци за минатата година. Од нив, исто така, се бара да имаат фискални каси и да поднесуваат даночни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top