Светската здравствена организација (СЗО) објави извештај за карциномот во светот за 2014 година, во кој се наведува дека во наредните две децении двојно ќе се зголеми бројот на заболените од карцином. Од СЗО предвидуваат дека годишно бројката ќе достигне до 22 милиони лица кои ќе заболат од оваа болест, а 13 милиони ќе починат од карцином.
На подготовка на извештајот на СЗО работеле 250 експерти од 40 земји, а е работен под закрила на Меѓународната агенција за истражување на карциномот при СЗО.
Во извештајот се наведуваат застрашувачки предупредувања и се наведуваат дополнителни напори за превенција од болеста. Во 2012 година во светот имало 14 милиони заболени од карцином, а експертите предупредуваат дека тој број во наредните 20 години ќе порасне дури на 22 милиони. Слични предупредувања експертите имаат и по прашањето за зголемување на бројот на смртни случаи како последица од ракот. Во 2012 година нивниот број изнесувал 8,2 милиони, а за две децении тој број ќе се зголеми на 13 милиони годишно.
Истражувањата покажале дека најсмртоносниот карцином во 2012 година е тој на белите дробови. Исто така, се истакнува дека лечењето на карциномот станува сѐ поскапо и тоа посебно доаѓа до израз во послабо развиените земји во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.