| четврток, 6 декември 2018 |

Во станот на Филип Сејмур Хофман пронајдени 50 кесички со хероин

Films+10-1

Додека семејството, пријателите и фановите жалат за смртта на Филип Сејмур Хофман, излегоа нови детали за предозирувањето на актерот со дрога.

Oскаровецот, беше пронајден мртов во станот во Њујорк, во неделата со шприц во раката.

Извори од полицијата, изјавија дека на местото на настанот се пронајдени околу 50 кесички со хероин, бројни шприцеви, лекови за лекување на зависности, лекови за притисок, како и мускулни релаксанти.

Хофман зборуваше отворено за неговото минато исполнето со битки протв зависностите, велејќи дека престанал со користење на дрога и алкохол. Но, во почетокот на 2013 година , Хофман се пријави на десетдневна рехабилитација.

Тој за ТМЗ изјави дека почнал со користење лекови на рецепт, но сепак на крајот заврши со предозираност од хероин.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top