| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и син нападнати и ограбени во центарот на Скопје

Татко и син се нападнати и ограбени од страна на двајца непознати разбојници на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Скопје. Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути.

Едното лице било удрено со пиштол во главата, а другото заработило полесни повреди. Разбојниците им ја украле торбата полна со пари што ја носеле таткото и синот и избегале.

Таткото и синот се префрлени во болница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top