| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески: Помошта од Јапонците е од огромно значење за Охрид

nikola-bakraceski-opstina-2

Во месец април-мај годинава јапонски експерти ќе започнат со изработката на физибилити студија за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езерото од македонска страна, пишува Охриднет.

Проектот ќе се реализира со неповратни средства од Јапонската агенција за меѓународна соработка, беше истакнато на денешната работна средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и јапонските експерти кои денес беа во посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Бакрачески истакна дека локалната самоуправа го поздравува проектот кој битно ќе допринесува за заштита на живиот свет во езерото но и за нормално функционирање на колекторскиот систем во градот и приградските средини. Притоа беше истакнато дека локалната ќе ги обезбеди сите потребни документи и ќе стори се што е во нејзина надлежност за побрза реализација на проектот.

Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро се резултат на потпишувањето на договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу Владите на Македонија и Јапонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top