| четврток, 6 декември 2018 |

Иво Ивановски побара новинарските здруженија да достават регистар на членови

ivo ivanovski

Сите здруженија на новинари од Република Македонија најдоцна до 10 февруари 2014 година, до Министерството за информатичко општество и администрација треба да достават регистар на евидентирани членови и потврди за уплатена членарина за тековната година.

Целта, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, е да се утврди кои две здруженија на новинари од Република Македонија се со најголем број на членови, заради спроведување на постапката за именување членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ.

Ова обврска, како што се наведува, е согласност со членот 14 став (11) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top