| четврток, 6 декември 2018 |

Мандела оставил наследство од 4 милиони долари

NelsonMandela_t750x550

Поранешниот  претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела во наследство оставил имот и пари во вредност од 4,1 милиони долари соопштија адвокатите при денешното отворање на тестаментот на првиот шеф на јужноафриканската држава по укинувањето на апартхејдот.

Во наследството на Мандела се наоѓаат една куќа во Јоханесбург, стан во неговата родна провинција Источен Кејп, како и средства од авторските права од сите негови книги, вклучувајќи ја и автобиографијата „Долго чекорење до слободата“.

Според тестаментот на Мандела, од вкупните средства, еден дел ќе одат во семејната фондација, од која  ќе се обезбедуваат средства за потребите на неговите 30 деца, внуци и правнуци.

Извесна сума од наследството на Мандела, кој почина на 5 декември минатата година на 95-годишна возраст, ќе добие и неговата партија Африканскиот национален конгрес, со задача „да ги промовира своите принципи и да работи на политиката на национално помирување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top