Заеднички да се спроведуваат прописите на Европската унија и да им се помогне на земјоделците и на ветеринарите полесно да ги решаваат проблемите, се договорија денеска Федерацијата на фармери (ФФРМ) и Ветеринарната комора преку потпишување меморандум за соработка.
– Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија е исправена пред низа предизвици во смисла на спроведување корпус прописи. Во таа смисла, поблиската соработка меѓу двете институции би довела до полесно спроведување на прописите од аспект на здравствената заштита, системот за идентификација и регистрација на стоката и низа други – изјави претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски.
Претседателот на ФФРМ, Андреја Секуловски, смета дека оваа соработка ќе придонесе за полесно спроведување на прописите.
– Нашата заложба е да ги пресретнеме проблемите, а не да ги лекуваме. Сакаме да ги препознаеме ризиците во нашето работење и да им понудиме решение на земјоделците, кои се нашата целна група – рече Секуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Светлана Колариќ за влошената безбедносна состојба во Скопје: Полицијата доаѓа прави увид и наместо да превземе мерки ги теши граѓаните
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат
-
Димитриевски: СДС си поигра со маката на земјоделеците и им скрати цели 24 милиони евра
-
Предупредување до земјоделците: Невообичаено студен бран доаѓа во Македонија



