| четврток, 6 декември 2018 |

Куглоф со лимон

limun-kuglof-20

Состојки:

2 цели јајца

1 жолчка

1 чаша шеќер

1 пакетче ванилин шеќер

пола чаша масло за јадење

1 чаша јогурт

1 и 3/4 чаша брашно

2 пакетчиња прашок за печиво

2 лажици лимонов сок

кора од лимон

неколку капки арома од лимон, по желба

путер за калапот

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Јајцата, жолчката и маслото изматете ги со електирчен миксер и потоа додајте ги сите останати продукти матејќи ги со миксерот. Калапот за куглоф намачкајте го со путер и потоа во него сипете ја смесата. Печете го во загреана рерна околу 35 минути. Потоа, кога ќе биде испечен, извадете го од рерна и тргнете го настрана да се олади.

Во меѓувреме, направете бела глазура:

3/4 чаша шеќер

1/4 чаша сок од лимон

Промешајте го шеќерот со лимоновиот сок, додека не се стопи шеќерот. Испечениот колач ставете го на чинија. Додека уште е топол, прелијте го со бела глазура и оставете го да се олади на собна температура. Ако случајно куглофот ви се преполови, намачкајте го со стоплен мармалад од кајсии, ќе биде уште повкусен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top