| четврток, 6 декември 2018 |

Жирафата во скопската Зоолошка градина починала од воспаление на дванесетпалачното црево

zoloska-1

Жирафата Орка во Зоолошката градина во Скопје, која почина пред десетина дена, имала воспаление на дванаесетпалачното црево и на тенките црева, предизвикано од бактеријата ешерихија коли. Жирафата а имала и бронхитис, објасни на прес-конференција во Зоолошката градина деканот на Ветеринарниот факултет во Скопје, Диме Митров.
Митров нагласи дека Орка не покажувала знаци на болест, ниту, пак, дека имала сркшен `рбет или прешлени на вратот.
Според обдукцијата, три и пол години стариот мажјак немал срцева мана ниту скршен врат, ниту какви било други повреди, соопшти деканот.
Жирафата Орка беше подарок од компанијата „Орка холдинг“. Во моментов во Зоолошката градина живеат три жирафи.

Повеќе информации може да погледнете на „РепубликаТВ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top